Жбогар: Новата влада итно да побара спроведување на реформите

by fokus

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека изборите на 11 декември можат да ја извлечат земјата од политичката криза под услов кампањата да биде фер и изборите да бидат кредибилни.

-Изборите можат да ја извлечат земјата од политичката криза и под услов новата влада кога ќе ја преземе функцијата да побара итно, искрено и сеопфатно спроведување на реформските приоритети, рече Жбогар.

Тој денеска присуствуваше на отворањето на Националната конференција „Градење култура на соживот: Соработка помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа како фактор за развој на меѓуетничкиот дијалог“.

Поврзани новости