Жбогар: ЕУ ќе го следи финансирањето на партиите во предизборието

by fokus

 Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска порача дека за да има фер и демократски избори во Македонија, неопходно е финансирањето на партиите да биде транспарентно. За таа цел тој најави и помош од Европската Унија за полесна проверка како се финансиираат партиите.

-Транспарентното финансирање на политичките партии е клучно за граѓаните да стегнат доверба во политичките лидери и во онаа Влада што ќе биде избрана- порача Жбогар на денешната конференција „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“.

Од Државниот завод за ревизија пак, рекоа дека досегашните ревизии не покажале дека е откриен криминал кај финансирањето на партиите.

Главниот ревизор Тања Таневска рече дека е неопходна и промена на методологијата за ревизија, бидејќи било тешко да се открие корупција во политичките кампањи, особено особено кај помалите партии кои ретко поднесувале финансиски извештаи.

Досега, лидерот на партијата Обединети за Македонија Љубе Бошковски е единствен политичар кој по изборите беше приведен под сомнение за нелегално финансирање на предизборната кампања, по што доби затворска казна од пет години

Поврзани новости