Жбогар: Датумот за преговори делува мотивирачки, но нема да го смени животот на граѓаните

by Фокус

Додека се чека на датумот за преговори со ЕУ, потребно е сите чинители, како Владата, институциите и самата Европска унија да работат на подобрување на животот на граѓаните во земјава, порача евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар.

Тој изрази оптимизам земјите-член на ЕУ во наредниве месеци ќе ја разгледуваат новата методологија за проширувањето, што беше една од пречките поради кои Франција не дозволи почеток на прегорови со Македонија.

-По искуството од октомврискиот состанок, не можеме да ветуваме многу во иднина. Јас сфаќам дека датумот е битен како симболично, така и мотивирачки за граѓаните, но опредулавањето на датумот, нема да го смени животот на граѓаните. Додека го чекаме датумот, сите ние треба да се фокусирме на работата како да се подобри животот на граѓаните – рече Жбогар.

Поврзани новости