Жарко Чаушевски е автор на идејното решение за гробот на Тоше Проески

by fokus

Oпштина Крушево избра идејно решение за уредување на гробот на Тоше Проески. Со тоа е откочена процедурата за изградба на достојно почивалиште на музичката ѕвезда, 12 години по неговата трагична смрт, објави „360 степени“.

Автор на идејното решение е Жарко Чаушевски, кој бил и единствениот пријавен на конкурсот. Истиот автор победи на конкурсот за уредување на гробот на Проески и пред неколку години, но таа идеја не се реализираше.

Од општина Крушево проценуваат дека изградбата ќе чини околу 150 илјади евра, средства за кои веќе аплицирале до Министерството за култура.

Додека траат овие процедури, гробот на Тоше и натаму е во истата состојба – ограден со пластика и поплочен со бекатонски коцки што пропаѓаат.

Поврзани новости