Жалбата на разрешениот Вангеловски стигна во Врховниот суд

by fokus

Жалбата за разрешување од позицијата судија и претседател на доскорашниот претседател на Врховниот суд, Јово Внагеловски, во текот на вчерашниот ден пристигнала во Врховниот суд, дознава „Фокус“ од извори во Врховниот суд.

Вангеловски пред повеќе од еден месец беше разрешен и суспендиран од страна на Советот на јавните обвинители, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Жалбата на Вангеловски сега е доставена до Советот на судии во кој членуваат девет судии. Тројца судии ќе бидат избрани од Врховниот суд, уште двајца од судот каде што работел Вангеловски, односно исто од Врховниот суд и по еден судија со ждрепка ќе биде избран од четирите апелациски подрачја во земјава, (Скопје, Битола, Штип и Гостивар) во кои припаѓаат по неколку основни суда од градовите.

Советот за одлучување по жалба може да го потврди или укине решението за негово разрешување.

Претставката за негово разрешување ја поднесена невладината „Зелена лупа“, поради донесена одлука на Вангеловски, според која му се овозможило бегство на бизнисменот Сеат Кочан, кој е обвинет со предметот „Труст“.

В.В.

Поврзани новости