Зголемен сообраќај на сите патишта

by Fokus

На сите патишта надвор од градските средини е зголемен интензитетот на сообраќајот, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата од македонска страна, информираа од Авто Мото Сојузот на Македонија (АМСМ).

Од таму додаваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

 

Поврзани новости