Згодните сопруги на нашите фудбалери, џет-сетерки на трибините

by fokus 11:50
11:50

Покрај професионалните успеси на светски познатите фудбалери, водечките медиуми посветуваат доста простор и за нивните сопруги. Секоја година се спроведуваат анкети во кои што се избираат најсекси, најуспешни, најзгодни сопруги на фудбалери. Дали француските или португалските фудбалери имаат поубави сопруги и девојки, која од нив ги засенува сите на трибините, во каков луксуз живеат, каде летуваат, како се одржуваат – се само дел од насловите кои што ги полнат страниците на светскиот печат. Музичката ѕвезда Шакира и Жерар Пике, новинарката Сара Карбонеро и Икер Касилјас, тенисерката Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, поп пејачката и дизајнер Викторија и Дејвид Бекам, манекенката Викторија Варга и Грацијано Пеле се само дел од оние кои што се постојано под будното око на јавноста, а ,,Фокус,, направи мало истражување за тоа дали и кај има џет – сетерки помеѓу сопругите на нашите фудбалери, или ако не џет-сетерки, барем во најмала рака убавици кои што ја дополнуваат и разубавуваат сликата за нивните популарни сопрузи. Разговаравме со три сопруги на наши фудбалери околу тоа како живеат, дали нивниот животен стил може да се споредува со оној, на сопругите на фудбалерите на запад, дали кај нас има македонски Бекамови.

Елена Љамчевска, сопруга на Благоја Љамчевски од ФК Вардар

thumbnail_elena ljamcevska1
thumbnail_ljamcevski1,,Со Благоја се запознавме пред две години, преку мој прв братучед, воедно и колега на Благоја. На почеток врската не ја експониравме во јавноста, за нас знаеше само нашиот најтесен круг на пријатели. Иако бевме од различни градови, врската ни стануваше се поинтензивна, љубовта ни растеше, и лани во месец јули решивме да ја офцијализираме. Засега, можам да кажам дека е убаво да се биде сопруга на фудбалер, но потребно е да се биде храбар како индивидуа. Далеку сме од животот на фудбалерите на запад, немаме толку големи обврски. Сега, кога ја имаме и ќеркичката Никол, најважно ни е да имаме наше, заедничко време, еднаш неделно да излеземе на вечера, да функционираме како и секое нормално семејство. Никол уште сега чувствува дека тато не може да биде постојано со нас поради работните обврски, многу и недостига, и само да и го видите озареното лице кога тој се враќа од натпревар,,
Ивана Лескароска, сопруга на Дејан Лескароски од ФК Брегалница

thumbnail_ivana leskaroska1

thumbnail_leskaroski2,,Со Дејан сме во брак повеќе од шест години и љубовта е наше најголемо мото и единствена дефиниција за успешен брак! Да се биде сопруга на фудбалер е нешто кое што има доста предности, но и свои мани, и мора да се има трпение за честите отсуства од дома, карантин, напорни подготовки, а посебно се исцрпувачки честите промени, односно преселби од еден во друг град… Се беше полесно додека бевме сами, сега со раѓањето на нашиот син Роман, улогата на сопруга на фудбалер ми стана малку потешка, но и Рома веќе свикнува дека ние немаме постојано место на живеење, секоја година – промена… Си земам за право да кажам дека сум најголемата поддржка на Дејан, баланс помеѓу него и Роман, и сеуште за сето ова време, не сум пропуштила ниту една утакмица! Голем критичар сум му, па често знае да ми рече – Ти не си компетентна! Сепак, во Македонија, работите не се како на запад, спортистите ја немаат популарноста која што ја заслужуваат, и за жал, кај нас политичарите се попопуларни од нив. Среќна сум што Дејан е мој сопруг и татко на Роман, што покрај сите обврски ни ја исполнува секоја желба, а нашите желби не се секогаш скромни, и ни овозможува живот кој што е доволно добар за нашите стандарди тука… Не се срамам да кажам дека сме далеку од луксузот на Бекамови, но сепак, себично е да се жалиме,,

Мартина Димитрова Велинова, сопруга на Стојанчо Велинов од ФК Брегалница

martina dimitrova1

thumbnail_velinovi1,,Нашата љубов започна преку социјалната мрежа Фејсбук, затоа што јас сум од соседна Бугарија. На почетокот бше само допишување, а потоа решивме да се сретнеме за мојот дваесетипетти роденден. Љубовта ни беше многу голема, па по само шест месеци јас бев запросена на стадион, пред утакмица, на доста романтичен начин! Стојанчо е доста фокусиран на фудбалот, но јас него не го глеам како фудбалер, туку само како Стојанчо Велинов. За мене луксуз е секоја минута помината со него, а македонскиот луксуз и популарност на спортистите не може да се мери со оној на запад. Бидејќи сум од Бугарија, можам да кажам дека таму фубалерите ја поседуваат популарноста во секоја смисла, повеќе се платени, повеќе се ценети и слично… Во иднина би сакала мојот сопруг да ја продолжи кариерата надвор од Македонија, па може и во Бугарија. Без разлика каде ќе игра, јас секогаш ќе бидам покрај него и горда сум што сум негова сопруга,,

Вики Клинчарова

Поврзани новости