Згаснатиот институтот „Павел Шатев“ молчи за поставените прашања, но продолжува да лиферува анкети

by fokus

Институтот „Павел Шатев“ објави нови резултати од спроведена анкета, кои повторно предвидуваат убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Анкетата била спорведена во рок од три дена, врз 1230 испитаници.

Од Институтот се уште не одговорија на прашањата на „Фокус“ под кој субјект функционираат откако Институтот згасна со одлука на здружението, кое што го оформи, а на крајот на март годинава беше и избришан од Централен регистар.

Според резултатите Институтот кој не фигурира на листата на даночни обврзници, половина од испитаниците сметаат дека Зоран Заев не е добар премиеро, 42 отсто сметаат дека подобар премиер би бил Никола Груевски. На прашањето „Дали го поддржувате или сте против предложениот закон за јазици“, 89 отсто одговориле дека се против, а на прашањето Дали ја поддржувате или сте против стратегијата на Владата за мигрнати, со која се обезбедуваат услови за нивно трајно населување, домување и вработување“, 91 отсто одговориле дека се против.

66 отсто, пак, не го поддржуваат договорот за добрососедство со Буарија. Според 38 отсто ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните локални избори, а 18 отсто се изјасниле за СДСМ.

Поврзани новости