Згасна животот на музичарот Зоран Маџиров

by fokus 14:41
14:41

По речиси седум месеци во кома, денес почина Зоран Маџиров, популарниот музичар од Струмица, познат во јавноста како човекот со шишињата, поради својата умешност да свири на шишиња, чаши и други стаклени предмети.

Маџиров ја изгуби битката на 49 години, откако седум месеци се бореше со тешките повреди на главата кои што ги здоби во сообраќајна несреќа, кога неговиот автомобил бил удрен од превртен камион – влекач, на патот помеѓу Радовиш и Струмица.

- Advertisements -

Четири месеци по неговата сообраќајна несреќа, додека тој се уште беше во кома, почина и неговиот татко Љупчо, познат музичар и спортски новинар во Струмица.

Струмичани тогаш раскажуваа дека Љупчо препукнал од тага поради состојбата на син му Зоран, но и поради раната со која што живеел цели седумнаесет години, откако неговиот син Игор, актерот познат како детето со црвената коса, почина на триесет годишна возраст, кога во нејасни околности си го одзеде животот скокајќи од балкон во Скопје.

Во минатото, Зоран често објавуваше фотографии од неговиот брат Игор, од разни театарски претстави, и под нив пишуваше – Игор живее…

Вики Клинчарова

Поврзани новости