Земјотресот од Грција ја стресе и Македонија со јачина од 3 до 4 степени

by fokus

Серијата земјотреси чии епицентри беа во Грција денеска се почувствувани во земјава со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека најсилниот земјотрес бил во 11:16 часот со Рихтерова магнитуда од 6,3 и е почувствуван на целата територија на земјава, особено на повисоките катови во зградите.

Епицентарот на земјотресите бил на 260 километри јужно од Скопје во соседна Грција.

Поврзани новости