Земјотрес во Струмица

by fokus 13:37
13:37

Земјотрес со јачина од 2,6 степени со епицентар кој потекнува од струмичкото подрачје е регистриран денеска во 9 часот и 48 минути.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово соопшти дека епицентарот бил 127 километри југоисточно од Скопје во епицентралното подрачје Струмица.

- Advertisements -

Земјотресот е почувствуван од населението во Струмица и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани новости