Земјотрес во околината на Пехчево

by fokus

Земјотрес чиј епицентар се наоѓа 105 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пехчевското епицентрално подрачје регистрирала денеска во 16 часот и 44 минути телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.2, а беше почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Поврзани новости