Земјотрес во Грција, почувствуван и во нашата земја

by Fokus

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, 50 минути по полноќ регистрира земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 320 километри југоисточно од Скопје во соседна Република Грција.

Земјотресот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија, имаше локална Рихтерова магнитуда ML5.3, а беше почувствуван од населението на југоисточните делови од државава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани новости