Земјотрес утринава ја стресе Албанија, почуствуван и во Македонија

by fokus

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала утринава ја стресе Албанија, а земјотресот бил почувствуван и во Скопје, Охрид, Струга, Битола, Ресен и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Потресот бил регистриран во 06 часот и 25 минути со епицентар 175 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија

Според досегашните податоци земјотресот во Охрид, Струга, Битола, Ресен и околината бил со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Во Скопје земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени според истата скала.

Поврзани новости