Земјотрес со јачина од 4 степени ги стресе скопјани

by fokus

Посилен земјотрес, со јачина од 4 степени според Европската макросеизмичка скала, утринава, неколку минути по 4 часот, ги стресе скопјани. Земјотресот траеше неколку секунди, а беше проследен и со звук, поради што дел од граѓаните се вознемирија.

Епицентарот на земјотресот бил на 1 километар од Кадино, односно на 15 километри источно од Скопје, а го почувствувале и жителите на Велес.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Поврзани новости