Земјотрес со епицентар во Албанија се почувствува во Скопје, Тетово, Охрид

by Фокус

Земјотрес со епицентар е во Албанија денеска се почувствува во Македонија, пред се во Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар со интензитет од четири степени, како и во Скопје, Струга и Охрид со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот е регистриран во 11:01 часот, а епицентарот се наоѓа на 170 километри од Скопје.

Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 5,1 степен и се почувствувал и во Црна Гора и Косово.

Поврзани новости