Земјотрес повторно го затресе Петриња

by fokus

Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа околу хрватските градови Сисак и Петриња, а беше почувствуван и во Загреб.
Претходно беше објавено дека јачината на земјотресот е 3,7 степени.

„Во 13:08 часот, сеизмолозите регистрираа прилично силен земјотрес со епицентар недалеку од Петриње, во близина на Глинска Пољана. Јачината на земјотресот беше 4,0 според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот беше на 5-тиот степен од ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба.

Епицентарот беше на 16 километри од Сисак и 30 километри северно од Загреб.

Земјотресот го почувствуваа и членовите на хрватската влада на денешната седница, пренесува Индекс.хр. На снимката од седницата може да се слушне како премиерот Андреј Пленковиќ вели: Еве, се почуствува и земјотрес“.

Поврзани новости