Земјотрес од 4,6 степени по Рихтер ја погоди Италија

by Fokus

Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Италија.

Според EMSC, земјотресот, кој првично беше наведен на веб-страницата на EMSC како со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, погоди делови од централна Италија.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, на 21 километар од Перуџа.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Поврзани новости