Земјотрес ги разбуди охриѓани

by fokus

Рано утрово, во 3,26 часот, е регистриран земјотрес со јачина од 3,1 степени според Европската макроисеизмичка скала во близина на Охрид.

Епицентарот на земјотресот бил на 2 километри североисточно од центарот на Охрид и на длабочина од 0,4 километри.

Земјотресот е почувствуван во Струга и во другите градови во Охрискиот регион.

Поврзани новости