Земјоделците денеска ќе протестираат и ќе блокираат патишта

by fokus

Земјоделците за денеска најавија протест пред Министерството за земјоделство каде ќе побараат исплата на субвенциите и средба со министрите за земјоделство и финансии, Михаил Цветков и Кирил Миновски и со директорот на Платежната агенција Игор Златков. Најавено е блокирање и на патиштата.

Протестот се одржува поради неисплатените субвенции и, како што велат земјоделците, лагите од надлежните дека ќе ги добијат парите.

– Со недели купуваа време и нѐ лажеа дека ќе ги исплатат субвенциите. Прво пречка бил Изборниот законик, па откако го средија тоа рекоа дека нема кој да ги потпише налозите во Платежната агенција. Потоа нѐ лажеа со тоа дека новиот директор на Платежната агенција немал сретификат по анлиски јазик, па трезорот не можел да исплаќа, и на крај повторно се вратија на Изборниот законик кој не дозволува да се исплаќаат субвенции до формирање на нова влада. Не ни останува друго освен да протестираме, па можеби и проблемите ќе почнат да се решаваат – вели за Плусинфо Ристо Велков, претседател на Сојузот на синдикати на земјодeлците.

Поврзани новости