ЗЕЛС: Мандатот на градоначалниците истекува в понеделник, најдете решение

by fokus 17:23
17:23

Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) апелира до парламентарното мнозинство и до партиите до понеделник да одржат состанок и да свикаат итна седница на парламентот на која ќе најдат решение за функционирање на локалната самоуправа.

Предупредуваат дека во спротивно ќе настане застој во функционирањето на локалната власт со оглед на тоа што мандатот на локалната власт завршува в понеделник, на 15 мај.

- Advertisements -

Претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски одржа состанок со градоначалниците и  нагласи дека ако не се најде решение, на вработените и на наделжните во општините нема да им важат овластувањата кои им се дадени во соодветните сектори и служби.

Поврзани новости