Зеленски со повик до сојузниците на Киев

by Fokus

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да го обезбедат „неопходното оружје“ за да се запре руската инвазија. Изјавата тој ја даде за време на посета на Велика Британија, соопшти украинското претседателство.

Зеленски „ја истакна важноста Украина да го добие потребното оружје од сојузниците за да ја запре руската офанзива и да бидат ослободени сите привремено окупирани украински територии“, се вели во соопштението на претседателството по средбата на украинскиот претседател со британскиот премиер Риши Сунак.

Поврзани новости