Зеленски: Русија e терористичка држава

by fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање ја нарече Русија терористичка држава.

-Светот мора официјално да утврди дека Русија стана терористичка држава, рече Зеленски, повторувајќи ги неговите постојани барања за уште построги санкции против Москва, за дополнителна испорака на оружје за украинските војници и за затворање на украинскиот воздушен простор.

Во своето деветминутно обраќање, украинскиот претседател рече дека „вистинската заштита“ за неговата земја е предуслов за каков било напредок во мировните преговори со Русија.

-Моите приоритети во преговорите се целосно јасни: крај на војната, безбедносни гаранции, суверенитет, враќање на територијалниот интегритет, реални гаранции и вистинска заштита на нашата земја, рече Зеленски.

Поврзани новости