Зеленски:Повеќе од 6 милиони домаќинства во Украина погодени од прекини на струја

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека над шест милиони домаќинства во земјата биле погодени од прекини на струја, два дена по целните руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина.

„Од оваа вечер, прекините на струја продолжуваат во повеќето региони (на Украина) и во Киев. Вкупно, повеќе од шест милиони претплатници се погодени“, наведе Зеленски во своето секојдневно обраќање преку социјалните мрежи.

Поврзани новости