Зеленски подготвен да разговара со Путин

by fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да разговара со рускиот колега, Владимир Путин. Мора да се најде договор без ултиматум како услов, изјави синоќа Зеленски за италијанската државна телевизија РАИ.

Тој додаде оти Украина никогаш нема да го признае Крим како дел од Русија.

– Крим секогаш имал своја автономија, има свој Парламент, но, внатре во Украина, истакна Зеленски.

Коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој предупреди да не дојде до понижување на Путин, Зеленски рече дека сака руската војска да ја напушти Украина и оти „нема да го чува образот на Путин, плаќајќи со својата територија“, што би било неправедно.

– Мораме да размислуваме за иднината на Русија. Јас, како претседател на Украина, велам дека тоа се наши соседи. Ќе има и други претседатели и други генерации, појасни украинскиот претседател.

Поврзани новости