Зеленски објави видео од гранатирање на зграда – загинаа 11 лица, меѓу кои и дете

by fokus

Во ракетирањето на градот Лозова, во украинскиот регион Харков, денеска загинаа 11 лица, објави попладнево украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На снимката, што Зеленски ја постираше на социјалните мрежи, се гледа објектот и веднаш потоа и силната експлозија и облакот од чад што се крева над зградата погодена од проектил.

Зеленски на Фејсбук напиша дека ракетирана била зградата на Домот на културата во Лозова и дека во нападот загинале 11 лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете.

-Окупаторите ја земаа културата, образованието и човештвото за свои непријатели. Тие ги гаѓаат со проектили и бомби. Што им е во умот на луѓето кои избираат такви цели? Апсолутно зло, апсолутна глупост, напиша Зеленски.

Поврзани новости