Зеленски до Русите: Ќе ве убиваат еден по еден

by Фокус

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во новата ноќна порака изјави дека Русите ќе бидат убивани еден по еден се додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин.

-Додека сите вие ​​самите не го решите проблемот од кој почна сè, што ја почна оваа бесмислена војна против Украина, ќе бидете убивани еден по еден, станувајќи жртвени јарци, бидејќи не признавате дека оваа војна е историска грешка за Русија – рече Зеленски во своето редовно обраќање.

Украинскиот претседател додаде дека армијата, која од вчера го контролира градот Лиман, во регионот Доњецк, ќе поврати и други градови во регионот.

Поврзани новости