„Зелена лупа“: Да не беше одбиена кривичната пријава против судиите, денеска немаше да се трага по Груевски

by fokus
Ване Цветанов од „Зелена лупа“ упати критики кон судот, кој според него, не реагирал според прописите и затоа се случило уште едно бегство, по тоа на Грујовски и Бошковски.
„Здружението „Зелена лупа“ до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за инволвираните судии, кои според нив требало да постапат по закон и да го спречат бегството на ек
Истата пријава е одбиена како неоснована, а од „Зелена Лупа“ се поднесени и иницијативи за утврдување на одговорност за инволвираните судии, до Судскиот совет на Република Македонија.
Почитувани,
Во врска со бегството на Грујовски и Бошковски (Неџби и Христо), 
Здружение Зелена лупа, до Основното Јавно Обвинителство поднесе кривична пријава за инволвираните судии кои требало да постапат по закон и да го спречат бегството.
Кривичната пријава Е ОДБИЕНА КАКО НЕОСНОВАНА.
Од страна на Здружение „Зелена Лупа“поднесени се и иницијативи за утврдување на одговорност за инволвираните судии, до Судски Совет на РМ.
ОДЛУКА СЕУШТЕ НЕ Е ДОНЕСЕНА ОД СТРАНА НА СУДСКИ СОВЕТ.

После ваквото однесување на Јавното Обвинителство, и на Судски Совет, се случи уште едно бегство. Бегство на поранешен Премиер, осуден на 2 години затвор и обвинет во уште неколку случаи, каде што му се закануваат високи затворски казни.

Причините за бегството на Никола Груевски се:
1. Неутврдувањето на одговорност кај инволвираните судии во претходните случаи,
2. Отфрлањето на кривичната пријава,
Со неутврдувањето на одговорност, инволвираните претставници на државата во кривичните постапки, (Судии и Обвинители) беа стимулирани да се однесуваат сосема индифирентно и во случајот со Никола Груевски.

Ја информираме јавноста, со основна цел, да го впери прстот во Јавното Обвинителство и во Судски Совет на РМ, како главни виновници за бегството на поранешниот Премиер. Барањата на одговорност од МВР за овој случај се неосновани, затоа што МВР постапува по наредби од Суд и Јавен Обвинител“, вели Цветанов.

 

Поврзани новости