Драгана Велковска од „Зелен хуман град“ вечерва информираше за низа изборни нерегуларности во повеќе општини во земјава.
Како што истакна таа, ваквите настани силно влијаат за легитимноста на изборните резултати и тие ќе поднесат кривични пријави до сите надлежни институции.
„Во избирачко место во Карпош било забрането присуство на претставник од „Зелен хуман град“. При броењето на гласовите, имаше отпор и на претставниците не им беше дозволено да ги гледаат веднаш гласачките ливчиња. На сите изборни места околу 50 отсто од уредите не функционираа. Некои од останатите опции за отпечаток, одземаа повеќе од 10 минути, па дел од луѓето си заминуваа. Забележани се семејни гласања и помош при гласања. Вакви нерегуларности се случуваа во текот на целиот ден“, истакна Велковска.