Зекири: Сулејман Реџепи е срам за сите и мора да одговара за ширење говор на омраза

by fokus

Сулејман Реџепи е СРАМ прво за сите припадници на исламската заедница во Република Северна Македонија, а потоа и за цела држава, вели пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, кој го осуди говорот кој го даде поглаварот на ИВЗ, каде, меѓу другото, ги нарекува Македонците „див народ кој нема идентитет“.

„Резил улема Сулејман Реџепи позицијата поглавар на ИВЗ ја има узурпирано со Калашникови, со закани и сеење страв, нешто што безброј пати до сега сум го посочил. Повеќе од 10 години трае неговото самоволие во таа институција. Иако е најповикан да постапува во склад со тоа на што нè учи ИСЛАМОТ, имено да биде праведен и да ги почитува различностите, тој го прави токму спротивното“, пишува Зекири на својот фејсбук профил.

Тој ги повикува надлежните институции да продолжат со силна контрола на работата на ИВЗ и останатите верски заедници.

„Никој не смее да е над законот. Сите сме исти пред законите!!! Резил улема Сулејман Реџепи мора да одговара и за ширење говор на омраза. На потег сега е Јавното обвинителство“, пишува Зекири.

Поврзани новости