Зекири: Судот работи под диктат на ВМРО и ДУИ, судиите ги избираа Мијалков и Муса

by Фокус 11:38
11:38

Потпреседателот на СДСМ и републички пратеник Мухамед Зекири, во интервју за ТВ 21 побара неговата партија да не му помага на коалицискиот партнер ДУИ.

– Албанците коишто гласале за СДСМ, гласале и за да ги казнат ДУИ. Во 2016-та албанските гласови за СДСМ беа против режимот на ВМРО и ДУИ. Мислам дека во електоратот многу не има оштетено коалицирањето со ДУИ, особено на локалните избори и при нашиот заеднички настап. Најмалку четири големи општини ДУИ ги има добиено од гласовите на СДСМ – изјави Зекири.

- Advertising -

Воедно, тој обвини дека судот работи по диктат на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со оглед дека, како што нагласи, судии се вработувани од страна на Муса Џафери, Блерим Беџети и Сашо Мијалков.

Поврзани новости