648
Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, по неколку месеци поминати во притвор, во истражниот затвор ,,Шутка”, заминува во куќен притвор.
Одлуката денеска ја донесе Апелација, а од судот за ,,Фокус” истакнуваат дека му е одземен и пасошот.
Зеќири изминатите денови беше на болничко лекување, па од таму ќе замине дома. Тој помина речеси 4 месеци во притвор, односно во ,,Шутка” влезе на 8 април.
Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.
Валентина Вурмо