Зеќири: МВР да отвори истрага, насилниците на Мијалков мора да одговараат

by Fokus

Лица од обезбедувањето на Сашо Мијалков вчеравечер вербално и физички ме нападнаа. Мијалков седеше во кафулето Дион, каде што влегов јас со моите пријатели бидејки имавме резервирано маса. Објектот е под видео надзор и сето ова што го зборувам полицијата лесно може да го утврди, раскажа пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири на одржаната прес-конференција, при што уште еднаш го потврди нападот во едно скопско кафуле.

– Десетина лица кои седеа на масата со Мијалков дојдоа до нас и побараа од мене да го напуштам местото, затоа што сум бил непожелен. Таму имало приватна забава. Никој никому нема право да му го попречува седењето ,а посебно не кога веќе имавме резервација и не се работеше за никаква приватна забава. Откако им објаснив дека имаме уредно резервирано маса еден од нив познат на полицијата а и нам ја преврте масата и групата почна да не турка насила кон излезот. Додека траеше турканицата надвор од објектот еден од нив извади полициска легитимација и побара да се идентификувам – раскажа Зеќири.

Тој додава дека додека ја извадил личната карта да му ја покаже, друго лице отпозади го нападнало физички во пределот на главата.

– Случајот го пријавив во полиција. Дополнително скандалозно е што полицаецот пред кој ја давав изјавата, не сакаше во извештајот да го напише името на Сашо Мијалков. Иако се работи за моја изјава пред полиција, на којашто има право како граѓанин – истакна опозицискиот пратеник.

Според него во Македонија ќе има правда за сите! Заврши времето на насилие!

– Секој кој тоа го правел или го прави ќе одговара! Институциите се должни да ги штитат граѓаните, а не лични и партиски интереси на поединци од криминалната власт во заминување. Овде сум во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да побарам МВР веднаш да отвори истрага и да го расветли случајот. Насилниците мора да одговараат. Независно чии луѓе се – додава Зеќири.

 

Поврзани новости