Пратеникот од СДСМ и поранешен новинар, Мухамед Зекири, на денешната седница за пратенички прашања, го праша премиерот, Зоран Заев, зошто поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, е недопирлив за органите, иако, рече тој, работи незаконски.
-Рецепи успева да опстојува и покрај стотиците скандали кои го следат. Прави се само не тоа што треба да го прави и тоа што го проповеда верата. Груевски, мафијата и Мијалков беа 10 години и до скоро режим за Македонија, тоа што е за Албанците Сулејман. Отиде до таму што го благослави Груевски. На власт во ИВЗ е врати во 2007 година на насилен начи со калашникови и закани. Го смени уставот на ИВЗ и се постави за доживотен претседател. Од тогаш ИВЗ ја има претворено во свој пашалук – рече Зекири.
Според него ИВЗ им напла визи на верниците за аџилак за Саудиска Арабија, иако оваа земја ги дава визите бесплатно.
-2.000 аџии секоја годиа заминуваат за Саудиска Арабија. Годинава секој верник треба да плати по 4.100 евра. Ова е највисоката цена, за 720 евра. Цената е зголемена во споредба со минатата годиа. Во Албанија на пример се наплаќа по 3.500 евра. Дали трудова иснпекција некогаш ќе влезе во ИВЗда провери дали оваа институција им плаќа инвалдско и пензиско осигурување на имамите? Со години се жалат дека тоа не се прави. Дали финансиска полиција ќе влезе некогаш да првери на кој начин се финансира ова институција и на кој начин менаџира со парите на верниците? – праша Зекири.
Според него ИВЗ има голем имот кој го дава под закуп, но една цена наплаќа преку каса прими, а друга цена преку тефтер.
Премиерот Зоран Заев на тоа одговори дека институциите веќе ги чешлаат и ИВЗ и МПЦ.
-Имаме разговарано за ова, но ваша потреба е да го актуелизирате прашањето, веројатно за граѓаните. Ние не сме надлежни ниту посакуваме, ниту пак Уставот дозволува, да се инволвираме во внатрешните процеси на избори и именувања во верските заедници. Тоа не значи дека е некој надвор од законот. Државните институции се во контрола на верс заедни. Имаше такви случаи и во МПЦ и во ИВЦ. Има неколку процеси отворени. Има и процеси во Стразбур. Ова ќе го сфатам како повик државата да го изврши својот дел од надлежностите за првичност. Трудовата инспекција ќе добие налог од мене лично како премиер да ги провери овие аспекти, ќе постапиме во делот што е наша надлежности – вети Заев.