Зегин донираше играчки реквизити за детско игралиште во Берово

by fokus

Компанијата Зегин лидер во фармацевскиот бизнис на Балканот, низ 29 години се декларира како општествена нај одговрона компанија во Македонија,Србија и мегународно, често се закитува со плакети и благодарности.

Декларација за општествена одговорност, во рамките на своите можности, несебично помага во развојот на општествените дејности како неопходен предуслов за раст и развој на државата, но и за подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани и унапредување на квалитетот на животот и средината во која работиме и живееме.

„Берово како Општина изразува исклучителна благодарност и кон оваа донација од нашиот голем пријател компанијата „Зегин“ и фамилијата Механџиски. „Зегин“ се голем пријатели на Берово со редовна поддршка на градот и на самата општина преку спонзорства,донации и поддршка на голем број активности, настани и проекти во нашата општина. Вистински пример за општествено одговорна компанија која вложува и ја поддржува својата средина и општеството“, изјави градоначалникот на општина Берово по повод оваа донација.

Играчките реквизити се поставени во паркот и најмладите веќе уживаат во својата игра и забава. Тобогани, лизгалки, тунели, големи, убави и шарени, пластични и со тоа безбедни за најмладите ќе бидат центар на нивната дружба и игра и дополнително ќе разубавуваат самиот парк и просторот околу него

Поврзани новости