Здружението „За нас се работи“ со независни листи на изборите во Битола

by fokus

Борците за чист воздух од Битола, активисти и членови на здружението „За нас се работи“, најавуваат дека на локалните избори во март 2017-та, ќе ичествуваат со независна листи за советници.

Од Здружението велат дека за советник ќе може да си кандидираат сите битолчани на кои личната карта им е поважна од партиската книшка.

-Намерата на здружението е да предложи граѓански листи на локалните избори и да се направи широка граѓанска платформа која се надевам дека ќе придонесе битолчани  да сфатат дека се од нас зависи и дека за нас се работи-рече Илија Балтовски, член на здружението.

Истакнуваат дека кон граѓанската платформа може да се приклучат и членови на политички партии,  политичката активност им е во втор план, а грижата за сопствениот град има првенство во нивната активност.

Идејата и целта на Здружението е на овој начин битолчани поактивно да се вклучат во донесувањето на одлуките за градот.

Поврзани новости