Здружението на директори од основните и средните училишта со поддршка за реформите во образованието

by Fokus

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска на средбата со Здружението на директори од основни и средни училишта зборуваше за текот на наставата во второто полугодие и реформските процеси во образованието.

Како што посочија од Министерството, на средбата директорите дале безрезервна поддршка на реформите и напоменале дека целосно и посветено ќе се вклучат во целиот процес на имплементација.

Министерката за образование и наука Мила Царовска посочила дека со реформата првпат учениците се ставаат во фокусот на образованието, а наставниците се клучната алка во наставата.

Министерката појаснила дека училиштата треба да станат интересни места каде ќе се поттикне љубопитноста и критичкото и креативното размислување на децата, и според неа, токму тоа се нуди со оваа реформа.

Поврзани новости