Здружението „Билка“ организира Македонски канабис форум

by fokus

Под слоганот #ЛегализацијаСега, Здружението за канабис и зелени политики „БИЛКА“ на 30-31 октомври го организира првиот Македонски канабис форум, кој поради состојбата со Ковид пандемијата ќе биде во онлајн формат.

-Форумот ќе се состои од прес конференција на која ‘БИЛКА’ ќе ги презентира своите барања пред јавноста во насока на подобрување на законските регулативи за медицински канабис и во насока на легализација на канабис, соопштуваат од „БИЛКА“.

„БИЛКА“ бара декриминализација на канабис преку измени во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и Кривичниот Законик со законско детерминирање на количина за лична употреба од педесет грама. Потоа, бришење на кривична евиденција на уживатели на канабис судени за „намера за продажбa“.

-Легализација на канабис како нормален тек по декриминализација. Дозволено одгледување на до десет стебла за медицински цели од лица кои имаат дијагнози кај кои канабисот може да помогне и три растенија за рекреативни цели. Задолжителна регистрација при државно тело, соопштува Здружението.

Поврзани новости