Здравствениот инспекторат го затвори пунктот за брисеви за ковид во Струмица

by Фокус

Државниот здравствен и санитарен инспекторат со решение го затвори пунктот за земање на брисеви за ковид 19 на Центарот за јавно здравје – Струмица.

Воедно, од таму го задолжија директорот во најкус рок да обезбеди соодветна просторија во јавна здравствена установа.

Претходно, опозицијата реагираше дека брисевите во Струмица се земаат во просторија која е сместена во станбена зграда во која живеат луѓе.

Поврзани новости