Здравко Чолиќ на 10-ти ноември ќе прави концерт во Скопје

by fokus

Една од најголемите музички ѕвезди на овие простори и миленик на сите генерации, легендарниот Здравко Чолиќ оваа есен ќе одржи голем концерт во Скопје.

Музичкиот спектакл ќе се одржи на 10 ноември во Вип Арената „Борис Трајковски“, во организација на Прагма Продукција.

По четири години од последниот концерт во Скопје, публиката ќе има можност да ужива во големите хитови и дружење со харизматичниот Чола.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 1 септември и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, „Пола Југотон“ и „Цвеќара Розе“ – Веро 2.

Поврзани новости