Здравев: Законот за јазици не може да се сприведува во судските постапки

by fokus 13:05
13:05

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев смета дека Законот за употреба на јазиците не може да се спроведува во судските постапки и дека забелешки на Венецијанската комисија се коректни.

Здравев во изјава за Сител телевизија вели дека е неспорно дека одредбите од Законот за употреба на јазиците не може да се спроведува во судските постапки, бидејќи на таков начин ќе се одолговлечат процесите.

- Advertising -

Ваквите забелешки на Венецијанската комисија, според него, се коректни, бидејќи и постоечките закони им овозможуваат на граѓаните кои не го разбираат македонскиот јазик да добијат превод.

Во однос на законските измени кои ги најави премиерот Зоран Заев за да се имплементираат забелешките на Венецијанската комисија, Здравев додава дека тоа зависи од законодавниот дом.

Поврзани новости