ЗДФ: Од европското ѓубре страдаат децата во Бугарија

by Fokus

Германија е европски шампион во производство на пластичен отпад поради што страдаат и бугарските деца, оцени германската телевизија ЗДФ во репортажа за согорување отпад во Бугарија.

Во репортажата од 7 февруари, како што пренесува денеска БГНЕС, станува збор за нелегалниот увоз и согорувањето отпад во Бугарија.

Во телевизискиот прилог се наведува дека согорувањето на отпадот е профитабилен бизнис во Бугарија и оти таа земја е еден од најголемите увозници на ѓубре од Западна Европа, каде регулацијата и контролата се на ниско ниво.

Германскиот тим го посетил Бобов Дол, каде до неодамна, во локалната термоелектроцентрала се гореше отпад. По извршените инспекции од страна на Еко-инспекторатот, се покажа дека таму се согорувал отпад без потребната дозвола. Германските новинари посочуваат дека воздухот во бугарскиот град е исклучително загаден, и дека проблемот со увезено ѓубре е една од причините што претседателот Румен Радев ја повлече доверба во Владата на Бојко Борисов.

Германските новинари велат дека побарале да се сретнат со претставници на Министерството за животна средина и вода и со сопствениците на термоцентралата „Бобов Дол“, но не им била одобрена средба.

Леспластик Бугарија го преведе на бугарски и го објави на Фејсбук прилогот на германската

Поврзани новости