Заврши министерувањето на Оливер Андонов

by fokus 14:46
14:46

Не поминаа ни 24 часа откако Оливер Андонов беше назначен за министер за внатрешни работи, тој веќе си ја поднесе својата оставка.

Во образложението за оставката испратено до премиерот Емил Димитриев, Андонов објаснува дека оставката е поради организирањето на предвремените избори.

-Собранието на РМ на предлогт на претседателот на Владата, сто дена пред денот на одржувањето на изборите за пратеници во Собранието меѓу другото избира и министер за внатрешни работи. Со оглед на наведеното, а во насока на имплементација на наведената законска одредба, поднесувам оставка на функцијата министер за внатрешни работи, се вели во неговата оставка.

Откако денеска ќе биде изгласана преодната влада, Оливер Андонов ќе го добие местото дополнителен заменик министер за внатрешни работи, а министер ќе биде Оливер Спасовски од  СДСМ.

Поврзани новости