Заврши фестивалот на инклузија, организаторите најавија дека ќе стане традиционален

by fokus

Во понеделникот во ,,Тренд – Гастро Бар“, од страна на Здружението за афирмација на правата на лицата со попреченост –Икуалити, беше организиран првиот „Фестивал на инклузија“.

На фестивалот кој започна со мисија за прославување на животот преку уметност, учествуваа студиото за танц „Еурека“, преку изведбата на инклузивната претстава „Рефлексија“, пијанистката Ема Ананиевска, како и инклузивниот „Трисомија 21“ и „Колектив Ветерница“.

Фестивалот го поддржаа и Игор Џамбазов, Дани Димитровска и познатото дуо ДНК.

-„Фестивал на инклузија“ е почеток на една позитивна приказна во овие непредвидливи и предизивикувачки времиња, кој има за цел да ја разбуди емпатијата кај младите, да се олесни размената на искуства и да се укаже на важноста од почитување на меѓусебните разлики.

Ова е само почеток на една традиција која ќе биде отслик на емпатија и срдечност меѓу сите учесници во општеството-информираат од здружението.

Додаваат дека сите оние кои сакаат да помогнат и пружат поддршка, тоа може да го направат преку официјалниот сајт на Здружението – организатор и неговата продажба во хуманитарни цели и целите за организација за наредните настани кои ќе се одвиваат низ целата земја.

Вики Клинчарова

Поврзани новости