Затворскиот психијатар за Бошкоски: Беше многу вознемирен и со депресивен поглед

by fokus

Психијатарот Мирко Треневски, кој во истражниот затвор „Скопје“ разговарал со Љубе Бошкоски, по неговото приведувањ за случајот „Кампања” во 2011 година сведочи на денешното рочиште за случајот „Тортура“.

Тој пред судот појасни како се чуствувал Бошкоски по неговото апсење и за време на неговиот престој во затворите „Скопје“ и „Идризово“.

-По два дена од неговото приведување разговаравме. Добив податоци дека бил уапсен во некоја кафана и дека тоа го доживеал многу стресно, вознемирувачки, со страв… Имаше депресивен поглед. Констатирав дека се работи за нарушен психички статус што е вообичаен при вакви стресни ситуации, сведочеше психијатарот.

Тој додаде дека Бошкоски апсењето и неговото притворање го доживеал многу емотивно и понижувачки.

-Не сакаше да се навраќа на тие ситуации, бидејќи самото помислување на апсењето му предизвикуваше стрес. Кај него доминираше анксиозност, загриженост, разочараност, страв и срам. Ми предочи за депресивни идеи, а потоа и за суицидни идеи. Заклучив дека се работи за посттрауматско стресно растројство, рече сведокот.

Тој додаде и дека Бошкоски му кажал дека при самото апсење бил врзан и легнат на асфалт.

Во случајот „Тортура“ ообвинет е екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, и уште неколкумина полициски припадници, кои се гонат за нечовечко апсење на Бошкоски.

В.В.

 

Поврзани новости