Затворот Шутка го вдоми кучето кое нападна деца во Аеродром

by fokus

ЈП Лајка денеска соопшти дека КПУ Затвор – Шутка го вдоми напуштениот германски овчар кој нападна деца во Аеродром.

-Кучето Кара го помина комплетно целиот хуман третман во нашето прифатилиште, откако претходно согласно записникот од извршен инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство и извршена контрола во ЈП Лајка за заловеното куче по пријава за напад на деца, на ден 03.01.2021 (без микрочип на јавна површина), беше одреден карантин и изолација за набљудување во период од 08, 15 и 22.01.2021 година. За истото беше извршен клинички преглед од страна на ДВМ вработен во ЈП Лајка и беше издаден сертификат за беснило со кој НЕ СЕ УТВРДЕНИ ЗНАЦИ НА БЕСНИЛО НИТУ ДРУГИ ПРОМЕНИ.
По објавата за нејзиното вдомување, претставници од КПУ Затвор Шутка – Скопје поднесоа апликација за вдомување и закажаа термин за нејзина посета во прифатилиштето на ЈП Лајка.
Земајќи ги во предвид природата и карактерот на расата германски овчар, која има одличен инстинкт, заштитнички карактер и во светски рамки се обучува и тренира како службено куче за потреби на полицијата за обезбедување на објекти. Истото е незаменливо помошно средство во бројни истраги, па затоа Кара од денес е официјално вдомена во рамките на оваа институција и ќе работи во служба на државата и граѓаните, соопштија од Лајка.

Поврзани новости