Затвореници избегале од Идризово како на филм

by fokus

Затвореници осудени на тешки кривични дела со казни од 15 години затвор вчера вечер киднапираа чувар и го искористија да побегнат од затворот Идризово, јавува Телма.

Осудениците успеале да му го земат службеното оружје на надзорникот и го принудиле да излезе со нив надвор од затворот. Потоа со автомобил киднапираниот надзорник ги однел во село Нерези од каде им се губи трагата.

Случајот го потврди директорот на затворот и полицијата која денеска даде само кратко соопштение дека кај нив е пријавено бегство од најголемиот затвор во државата. Повеќе детали никој не открива во интерес на истрагата и проверките дали затворениците евентуално имале помош внатре од затворот или сами го организирале бегството.

Осудениците кои избегале се осудени за поседување и трговија со оружје и убиство.

Поврзани новости