Затвореници биле подмитувани и уценувани да гласаат за одреден претседателски кандидат?

by fokus 14:38
14:38

Со 100 грама кафе, сокче и наполитанка, наводно биле поткупувани дел од затворениците, сместени во повеќе затвори низ државата, ако својот глас го дадат за одреден претседателски кандидат, чие име нема да го соопштиме поради изборниот молк.

Оваа информација денеска за „Фокус“ ја потврдија неколкумина затвореници, кои денеска го оставруваат своето право на глас во затворските установи.

- Advertising -

Нашите анонимни соговорници раскажуваат дека покрај овие „подароци“, се соочиле и со уцени. Односно, како што истакнуваат, оној кој немало да глас според дадената наредба, се соочува со можноста да го загуби правото на слободен викенд, кој законски му следува.

– Заканите одеа дури и до таму, што ни велеа дека нашите сопруги или роднини ќе останат без работа, доколку не гласаме како што сакаат. За тоа дали ќе го заокружиме бараниот број, односно кандидат, беа задолжени вработени од затворот, кој не набљудуваа додека гласаме, вели нашиот извор.

Покрај обидите за подмитување, но и уцените, затворениците укажуваат на уште една поголема нерегуларност. Имено дел од нив не поседувале биометриски лични документи, но тоа не било пречка да гласаат, бидејќи им било дозволено да се легитимираат со домска книшка, која ја добиваат од затворот.
За оние кои немале ниту вакви книшки, пак, експресно биле изработени.

Дел од овие нерегуларности на кои алармираа неколкумина затвореници, биле пријавени и во невладината организација „Цивил“.

– Имавме дојава за слични злоупотреби на гласачкото право на затворениците. Дел од нив ни се пожалија и дека воопшто ги нема на избирачкиот список . Така затвореникот З.Т. осдуден во познат случај за јавноста, иако веќе шест месеци се наоѓа во прилепскиот затвор, не бил ставен на избирачкиоит список. Забележани се уште неколку вакви случаи, вели Џабир Дерала.

Според информациите на „Фокус“ дел од нерегуларностите ги забележала и ОБСЕ.
Засега не успеавме да добиеме став од Управата за извршување на санкции.

Поврзани новости