Затворена сендвичарата во Делчево каде за затруле седум лица

by fokus

Санитарен и здравствен инспекторат ја затвори сендвичарата во Делчево откако седум лица се пожалиле на труење. По пријавата на терен излегле полициски службеници, а за случајот била известена Епидимиолошка служба – Делчево.

Според полицијата вчера во 16.30 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во текот на денот за укажување на лекарска помош во Јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ – Делчево се јавиле повеќе лица (пет малолетници и две возрасни лица) кои се пожалиле на повраќање, односно дека се затруле по конзумирање на храна од истата сендвичара. Сите лица со амбулантно возило биле однесени во Медицински центар Штип за понатамошно укажување на лекарска помош.

Поврзани новости