Затворен стационарот „Вардариште“ поради заразни болести на кучињата

by fokus

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекоа мерка за затворање на стационарот „Вардариште” поради појава на заразни заболувања кај бездомните животни и непостапување по дел од утврдените пропусти во работењето.

Во сила е и изречена забрана за заловување на бездомни кучиња во рок од 30 дена. Кај дел од заловените животни, констатирано е нарушено здравје и присуство на болести а утврдено е и дека тие во прифатилиштето се сместени во исти простории со здравите животни.

Ветеринарите, наредиле и спроведување мерки за темелна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во стационарот во рок од пет дена пред негово повторно отворање. Во овој временски период во стационарот ќе се прифаќаат само кучињата кои каснале човек, односно само по поднесена претставка до агенцијата.

Поврзани новости